Потписи за независни кандидати за парламентарните избори Ана Бобинкова ги бара вашите потписи

Да ја оствариме нашата желба за враќање на сувереноста и надежта за иднината на младите во Македонија.

СВОЈОТ ПОТПИС може да го дадете во подрачните одделенија на ДИК ( во Изборна единица 1) најкасно до 8ми Март 2024.

Потребно е да имате со себе важечка ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.

Да сте запишани во Избирачкиот список за Изборна единица 1.

Својот потпис освен за нашата листа може да го дадете и за другите листи на кандидати за Претседател ( за кој сметате дека треба да дадете поддршка).

Потписите може да ги дадете во подрачните одделенија на Државната изборна комисија во ИЕ 1:

Подрачно одделение Карпош (надлежно за општините Карпош и Сарај). Ул. Стрезово бр.7 Козле (до средното угостителско училиште „Лазар Танев“, крајот на оградата, по скалите)

Подрачно одделение Центар (надлежно за општина Центар и Аеродром) На крајот од оградата на бараките на Општина Центар, има стрелки.

Подрачно одделение Чаир (надлежно за дел од Чаир, кој припаѓа во ИЕ1)(до полициската станица во Бутел)

Подрачно одделение Кисела Вода (надлежно за општините Кисела Вода, Студеничани и Сопиште) До општина Кисела вода, БАРАКА бр. 9

Канцеларија Македонски Брод ( надлежно за општина Македонски Брод) ул.„7-ми Септември“ бр.4 ( во зградата на Општина Македонски брод)

Во Македонски брод се уште не е доставена листата. Ќе ја доставиме и ќе известиме.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ!❤