Ја бараме вашата поддршка со вашиот ценет потпис за
ЦВЕТАН ГАВРОВСКИ
од нашата НЕЗАВИСНА ЛИСТА од 20 доблесни, чесни, доследни родољубни личности за кандидати за пратеници во Собранието, која носи назив: ,, група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска, за Парламентарните избори 2024 година.
Потребно е само да појдете во подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во кое припаѓате по својата адреса на живеење ( во една од овие наведени општини во ИЕ 1: Карпош, Сарај, Центар, Аеродром, Кисела вода, Сопиште, Студеничани и дел од Чаир ) и да кажете на одговорното лице дека сакате да се потпишете за ,,група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска.
Потребно е да имате со себе важечка ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.
Да сте запишани во Избирачкиот список за Изборна единица 1 (во која спаѓаат Карпош, Сарај, Центар, Аеродром, Кисела вода, Сопиште, Студеничани и дел од општина Чаир).
За проверка во Избирачкиот список и за вашето избирачко место во Изборната единица 1, внесете го вашиот ембг и кодот https://izbirackispisok.gov.mk/
СВОЈОТ ПОТПИС може да го дадете само во подрачните одделенија на ДИК ( во Изборна единица, ИЕ 1):
Подрачно одделение Карпош (надлежно за општините Карпош и Сарај). Ул. Стрезово бр.7 Козле (до средното угостителско училиште „Лазар Танев“, се изминуваат објектите и на крајот на оградата, по скалите)
Подрачно одделение Центар (надлежно за општина Центар и Аеродром) На крајот од оградата на бараките на Општина Центар, има стрелки.
Подрачно одделение Кисела Вода (надлежно за општините Кисела Вода, Студеничани и Сопиште) До општина Кисела вода, БАРАКА бр. 9
Подрачно одделение Чаир (надлежно за дел од Чаир, кој припаѓа во ИЕ1)(до полициската станица во Бутел)
Својот потпис освен за нашата листа може да го дадете и за другите листи на кандидати за Претседател ( за кој сметате дека треба да дадете поддршка).
ВИ БЛАГОДАРИМЕ, ОД СРЦЕ